Достапни линкови

НАТО не размислува за „тампон зона“ меѓу Сирија и Турција


Турција - генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција - генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

НАТО во моментов не ја разгледува можноста за воведување зона забранета за летови и тампон зона во Сирија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Сметам дека создавањето на таква зона е доволно сложена работа и оти бара време, рече тој, но сепак потврди дека во разговорите со Чавушоглу оваа тема била разгледана.

Турскиот министер за надворешни работи истакна дека за успешно регулирање на ситуацијата во Сирија и Ирак е потребно да биде воведат такви зони во северниот дел на Сирија.

Во Турција засолниште побарале околу 1,5 милиони Сиријци, за кои Анкара потрошила над четири милијарди долари, а само 200 милиони долари помош пристигнале од странство во тој период.

XS
SM
MD
LG