Достапни линкови

ЕСА бара Аврамопулос да не биде избран за Еврокомесар


Европската слободна алијанса, сојуз од повеќе европски партии на малцинствата, ја прифати аргументацијата на македонската партија во Грција Виножито за барањето Димитрис Аврамопулос да не биде избран како комесар во Европската комисија поради неговите ставови и активности во однос на македонското малцинство.

Франсоа Алфонси, претседателот на ЕСА партија со 13 пратеници во Европскиот парламент до претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер испрати писмо во кое изразува загриженост поради номинацијата на Димитрис Аврамопулос на позицијата комесар за имиграција и внатрешни работи.

Претседателот Алфонси потсетува дека Аврамопулос доаѓа од земја-членка на ЕУ што има најлошо досие во однос на третманот на имигрантите и малцинствата.

XS
SM
MD
LG