Достапни линкови

Предизвиците за членство во ЕУ на Западен Балкан


Кандидатот за Комесар за доброседството и преговори за проширување Јоханес Хан изјави дека еден од главните предизвици за Македонија за почеток на преговорите е противењето на Грција во врска со името „Македонија“. Македонија е официјално земја кандидат од 2005 година, но сè уште не почнала преговори, главно поради противењето на Грција.
Хан изјави дека спорот за името со Грција, земја членка на ЕУ, го обесхрабри спроведувањето на другите реформи од Скопје и покрај позицијата на владата дека пристапувањето во ЕУ е највисок стратешки приоритет на земјата. Но Хан додаде дека да се почнат преговори за членство со Македонија, потребна е согласност од сите земји-членки на ЕУ.

Што се однесува на Србија, тој порача дека земјата треба внимателно да го разгледа нејзиното одбивање да ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија, ако Белград се надева дека ќе влезе во Европската унија. Тој изјави дека Белград се движи кон пристапување кон Унијата, а санкциите против Русија ќе бидат вистинскиот сигнал.

Хан изјави дека се надева оти политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина ќе продолжи и истакна дека петте членки на ЕУ кои не ја признале независноста на Косово покажуваат одредени придвижувања за ова прашање.

Осврнувајќи се на Босна И Херцеговина тој рече дека ЕУ треба да ја смени Дејтон логиката во Брисле логика, за да се надмине застојот во земјата. Тој вети дека ќе отпатува за Сараево, ако му биде потврдена позицијата комесар.

XS
SM
MD
LG