Достапни линкови

logo-print

Претставници на ЕУ, Русија и Украина денеска на средба во Берлин


Претставници на Европската унија, Русија и Украина денеска ќе се сретнат во Берлин да дискутираат за можноста за обновување на руското снабдување на гас на Украина. Комесарот на ЕУ за енергетика Гинтер Отингер, рускиот министер за енергетика Александар Новак и неговиот украински колега Јури Продан се очекува по состанокот да одржат и прес конференција. Непосредно пред средбата Отингер изјави дека се надева оти може да се постигне договор со кој би се овозможило непрекинато снабдување со гас. ЕУ е загрижена за можен недостиг на гас до кој би можело да дојде поради руската суспензија на снабдувањето низ Украина.

XS
SM
MD
LG