Достапни линкови

logo-print

Србија во енергетска криза


Србија се наоѓа во енергетска криза и во текот на претстојната зима може да има недостиг на гас, мазут, електрична енергија и јаглен, изјави српската вицепремиерка и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

„Се разбира, ние сме во енергетска криза. Поплавите не не оставаат да здивнеме. На Србија влијае и кризата во Украина. За 30 години земјата нема изградено ниту една нова електроцентрала“, изјави Михајловиќ.

Михајловиќ смета дека Министерството за енергетика треба да и предложи на Владата конкретни планови за снабдување со енергетски ресурси во текот на зимскиот период, како и решенија во случај на ескалирање на украинската криза.

XS
SM
MD
LG