Достапни линкови

logo-print

Гани - Новата влада на Авганистан ќе донесе мир


Новоизбраниот претседател на Авганистан, Ашраф Гани, изјави дека новата влада на национално единство ќе донесе „мир“. Зборувајќи пред неговите поддржувачи денеска во Кабул, тој исто така рече дека Авганистан треба да ја прослави првата „демократска промена на власта“. „Ова е големa победа за авганистанскиот народ, затоа што за прв пат во нашата светла историја, власта се пренесува од еден избран претседател на друг претседател врз основа на гласовите на народот“, рече тој. Независната изборна комисија во Авганистан вчера го прогласи Гани за победник во вториот круг на претседателските избори што се одржаа во јуни, но не го објави конечниот биланс на гласовите. Гани и неговиот главен ривал Абдула Абдула претходно потпишаа договор за поделба на власта, според кој Гани станува претседател, а Абдула или некој што тој ќе го предложи да ја преземе новата позиција позната како главен извршен функционер.

XS
SM
MD
LG