Достапни линкови

logo-print

За најголем број цивилни жртви во Сирија се одговорни владините сили


Комисијата на Обединетите Нации која ги истражуваше воените злосторства во Сирија, соопшти дека на владините сили на претседателот Башар Ал Асад се одговорни за најголемиот дел од злосторствата. Претседавачот на комисијата, Паоло Серџо Пињеиро изјави денеска во Женева дека сиријската влада е одговорна за најголем број од 190-те илјади цивилни жртви во конфликтот во Сирија. Истовремено, Пињеиро оцени дека милитантите на Исламската држава се агенти на смртта и деструкцијата. Инаку, комисијата бара од светските сили кои се подготвуваат за воена акција против исламистичките милитанти, да ги почитуваат правилата на војната и да ги заштитат цивилите при нивните воздушни напади.

XS
SM
MD
LG