Достапни линкови

Милитантите убиле тројца пакистански војници


Три пакистански војници загинале кога осомничени исламистички милитанти испалиле ракети во северозападниот племенски регион на земјата. Официјални лица соопштија дека најмалку двајца војници биле повредени во бомбардирањето, што се случило во областа Спинвам во Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Инцидентот се случил во област каде што војската се бори со припадниците на Ал-Каеда и талибанските милитанти од средината на јуни. Пакистанската армија се обидува да ги уништи исламистичките милитанти од Северен Вазиристан, а минатата недела соопшти дека убила повеќе од 1.000 бунтовници во период од три месеци. Според истите извори 82 војници, исто така, загинале во борбите.

XS
SM
MD
LG