Достапни линкови

По Полска и Германија јавува за редукции во снабдувањето со руски гас


По Полска, и Германија соопшти дека има намалување во испораката на руски природен гас поради тензиите меѓу Русија и Европската Унија во врска со кризата во Украина. Германската енергетска компанија ЕОН објави дека има редукција во испораката на руски гас. Претходно Полска соопшти дека неделава добива за една четвртина помалку гас од вообичаеното. Газпром демантира дека има редукции.

Украина ја обвини Русија дека го намалува снабдувањето со гас за Европа, со цел да го наруши повратното снабдување за Украина.

XS
SM
MD
LG