Обама: милитаните на Исламската држава се канцер
Американскиот претседател Барак Обама го осуди обезглавувањето на американскиот новинар Ствен Сотлоф од милитанти на Исламската држава, оценувајќи дека снимањето на ваков колеж е страшен акт на насилство. На прес конференцијата во Талин, Естонија, Обама изјави дека милитантите на Исламската држава треба да бидат изолирани како канцер.