Достапни линкови

logo-print

Радиоактивен цезиум исчезнал во Казахстан


Казахстанските власти соопштија дека била во тек потрага по канистер со радиоактивен цезиум 137 што исчезнал во западниот дел на земјата. Се прецизира дека канистерот исчезнал уште на 27 август додека бил транспортиран со автомобил. Властите ги предупредија локалните жители да не го отвораат канистерот, бидејќи станува збор за смртоносен материјал. Цезиумот 137 е радиоактивен изотоп што се користи во нуклеарната индустрија и медицината.

XS
SM
MD
LG