Достапни линкови

Шефот на иранската дипломатија во посета на Русија


Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска ќе престојува во Москва, на разговори со високи руски претставници. Пред оваа посета, Русија соопшти дека постои шанса меѓународните разговори за нуклеарната програма на Иран да доведат до укинување на санкциите на ОН спрема Техеран.

Иран и 6 светски сили, меѓу кои и Русија, се обидуваат да постигнат договор според кој Техеран би го намалил нивото на својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека и покрај тешкото одвивање на преговарачкиот процес, постои можност за исполнување на сите права на Иран во врска со нуклеарната програма.

Русија и Иран исто така преговараат и за договор од повеќе милијарди долари за испорака на иранска нафта во замена за руски производи и технологија.

XS
SM
MD
LG