Достапни линкови

Карзаи нема да присуствува на самитот на НАТО во Велс


Ајмал Фајзи, портпаролот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека тој нема да присуствува на самитот на НАТО следната недела, поради неговите несогласувања со Вашингтон. Фајзи соопшти дека несогласувањата се однесуваат на авганистанските безбедносни потреби откако повеќето странски војници ќе го напуштат Авганистан до крајот на 2014 година. Фајзи изјави дека на самитот во Велс на 4 и 5 септември ќе присуствува или наследникот на Карзаи како авганистански претседател или член на актуелната влада. Собирот има за цел да се утврди колку помош ќе добијат авганистанските безбедносни сили откако борбената мисија на НАТО ќе заврши. Авганистанскиот претседател во заминување одби да потпише билатерален договор за безбедност со Соединетите Држави со кој се дозволува на нивните војници да останат и после 2014 година, но затоа бара да бидат исполнети одредени услови . Тие услови вклучуваат крај на воените операции во авганистанските домови.

XS
SM
MD
LG