Достапни линкови

Во новите израелски воздушни напади врз Газа, убиени 11 палестинци


Во израелските воздушни напади во Појасот Газа биле убиени 11 палестинци. Израелската армија соопшти дека извршила 60 воздушни напади откако вчера заврши примирјето, а палестинците истрелале над 80 ракети кон Израел. Хамас соопшти дека била бомбардирана куќата на нивниот воен лидер Мухамед Деиф во Газа, при што биле убиени неговата сопруга и 7-годишниот син.

Преговорите во Каиро за долгорочно примирје меѓу Израел и Хамас, пропаднаа.

XS
SM
MD
LG