Достапни линкови

Претставник на Црвениот крст на разговори во Москва


Претставник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска во Москва ќе разговара со руски официјални лица за испорачувањето на хуманитарна помош во источна Украина. Посетата на Лорен Корбаз доаѓа додека рускиот конвој со помош сеуште чека за проверка во близина на украинската граница. Русија вчера соопшти дека се постигнати договори со Киев и со Црвениот крст за отворање на патот за руски хуманитарни пратки во источна Украина.

Во меѓувреме, Украина соопшти дека десетици цивили загинале во бунтовнички напад врз конвој со луѓе кои се обидувале да ја напуштат со војна зафатената источна Украина. Киев соопшти дека конвојот бил нападнат вчера во регионот Луханск и покрај фактот што камионите носеле бело знаме.

Про-руските сепаратисти го отфрлија ова тврдење како „чиста пропаганда“.

XS
SM
MD
LG