Достапни линкови

Шпански свештеник заболен од ебола во Мадрид


Шпанија стана втора западна земја во која е примено лице заболено од ебола. Станува збор за шпанскиот свештеник Мигуел Пахарес кој работел во една болница во Либерија. Тој со пристигнал во Мадрид со авион на шпанското воено воздухопловство. Деновиве во Соединетите држави пристигнаа двајца американци од Либерија на кои веднаш им бил даден серум против ебола која претходно не била тестирана врз луѓе. Нивната здравствена состојба сега се подобрувала. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека било прерано тој експериментален лек да се испрати во Западна Африка каде што од ова заболување загинале околу илјада луѓе. Обама додаде дека погодените земји, Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија би требало да изградат силна јавна инфраструктура за да се справат со еболата.

XS
SM
MD
LG