Достапни линкови

Повреден навивач на Вардар на дербито со Пелистер


Илустрација

Илустрација

Еден навивач на Вардар остана без својата дланка, а неколкумина навивачи се полесно повредени на синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Пелистер во Битола. На една минута пред крајот на средбата мечот беше во подолг прекин, откако на трибината со вардаровите навивачи се слушна силна експлозија по што интервенираше полицијата. Навивачите се повредени при експозија на шок бомба. Повредените се однесени во болница, а има и приведени лица. Дербито заврши со резултат еден спрема нула за Вардар.

XS
SM
MD
LG