Достапни линкови

Задолжувањето од 500 милиони евра за враќање долгови


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Власта одлучи да издаде еврообврзница во износ од 500 милиони евра. Економистите предупредуваат да престанат непродуктивните трошења.

Буџетскиот дефицит е во драматична ситуација и токму тоа е главната причина поради која актуелните власти се одлучија да издадат еврообврзница во износ од 500 милиони евра, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Износот не е воопшто мал, а загрижува тоа што идните генерации се задолжуваат за неразбирливи потреби, вели Хајредини.

Се задолжуваат наредните генерација за потреби кои не можеме да ги сфатиме ни ние ни светот. Од една страна се должи на сите страни, од друга страна продолжува со изградба на споменици.

„Значи, се задолжуваат наредните генерација за потреби кои не можеме да ги сфатиме ни ние ни светот. Од една страна се должи на сите страни, од друга страна продолжува со изградба на споменици“, вели Хајредини.

Добар маркетиншки трик на една лоша економска политика е обидот на власта да ја оправда евообврзницата со историски најниска каматна стапка, вели потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

Токму во време кога владата предлага максимизација на буџетскиот дефицит на три отсто со уставни измени, а дефицитот сега е над три отсто и допрва ќе се зголемува, а во исто време владата носи уставни измени за да го забрани тоа. Од кога ќе важи тоа? Од кога оваа влада веќе нема да биде на власт.

„Дел од парите од таа обврзница ќе биде за враќање на поранешни долгови, односно преструктуирање на долг. Тоа значи дека претходните долгови што ги направила оваа влада, не ги вложила парите во нешто од што ќе може денес да ги врати без ново задолжување. Тоа е дефинитивен доказ дека водела лоша политика тогаш кога зела пари“, вели тој.

Сето ова значи само едно, а тоа е дека Владата и понатаму ќе продолжи со задолжувањето, а идните генерации ќе ги плаќаат овие долгови. Ваквите политики се доказ дека буџетскиот дефицит ќе се зголемува, предупредува Узунов.

„Токму во време кога владата предлага максимизација на буџетскиот дефицит на три отсто со уставни измени, а дефицитот сега е над три отсто и допрва ќе се зголемува, а во исто време владата носи уставни измени за да го забрани тоа. Од кога ќе важи тоа? Од кога оваа влада веќе нема да биде на власт“, вели Узунов.

Неодамнешната изјава на премиерот Никола Груевски дека во овој момент не е нужно да издадеме еврообврзница, но дека условите на пазарот сега се идеални и не се знае дали во иднона ќе бидат подобри, според Хајредини, е нелогична.

„Тоа не е точно. Апсолутно ниедна фамилија не се задолжува ако нема потреба“, вели тој.

Министерството за финансии соопшти дека издавањето на еврообврзницата „е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и за исплата на доспеаните обврски и обврските кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајќи ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година“.

Ресорното министерство информираше дека побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била двојно повисока од понудата, што овозможило да се постигне каматна стапка од 3,975 проценти на годишно ниво. Рокот на достасување на еврообврзницата е 7 години, односно јули 2021 година.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG