Достапни линкови

logo-print

Секогаш кога во земјата има непријатни и тешки настани и процеси, премиерот Никола Груевски заминува на роуд шоу во странство. Сред политички кризи, поскапувања или пред да се објават извештаи на ЕУ за напредокот на земјата, власта успешно го свртува вниманието кон други теми, вешто користејќи ги меѓуетничките односи, национализмот, хомосексуалците, странските и домашни непријатели.

Кога власта сака да го пренасочи вниманието на јавноста, тогаш ги вади хомосексуалците на дневен ред. Ако не се тие, тогаш се меѓуетничките односи, национализмот, странските непријатели и домашните предавници, спектакуларните апсења, лустрацијата.

Не е добар медиумот што ќе премолчи чија и да е, особено ако власта или владата е извор на некоја информација, ама да се променуваат така нештата, а за тоа оној што ја иницира работата да нема понатамошни објаснувања или да ги лишува медиумите од одговори на прашања во периодот што следи откако е сето тоа обелоденето.

Среде лето, за време на викенд, власта обзнани дека ќе го менува Уставот. Премиерот придружуван од сите министри ги спомена подрачјата каде се предвидени измени и пред да успее да каже што било друго, со половина влада замина во далечна Кина, ем Јапонија. Фрлија „бомба“ и излегоа од лифтот и дури тие таму бараат странски инвеститори, медиумите и јавноста тука надолго и нашироко ги анализираат измените.

Ова однесување и овој спин, ако може да се каже, мислам дека се сака големите тешкотии и големите проблеми што ги има Македонија да се пренасочат во друга страна.

Предлогот за измените на Уставот дојде на само еден ден откако Јавниот обвинител преку соопштение на својата веб страница информира дека нема да поведе постапка за случајот Македонска банка. И така, немаше време за анализирање на тоа, сите заборавија и на политичката криза, бојкотот на опозицијата, а на закочените евроинтеграции речиси никој и да не помислува. Сите се фатија за Уставот. Настрана тоа што во исто време поскапеа струјата, лебот, бензинот, но за тоа никому ништо.

Власта ги има сите права и должности да го поставува дневниот ред на активности, во смисла што е поважен проблем и што прво треба да се реши, но и медиумите востановуваат свој дневен ред на жешки теми, вели комуникологот Климе Бабунски.

Имаме ние политичка криза, имаме парламент кој дејствува без опозиција, тој правно може да ги донесе одлуките, меѓутоа легитимно секогаш ќе биде оспорувано, дотолку повеќе што се работи за Устав.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„Не е добар медиумот што ќе премолчи чија и да е, особено ако власта или владата е извор на некоја информација, ама да се променуваат така нештата, а за тоа оној што ја иницира работата да нема понатамошни објаснувања или да ги лишува медиумите од одговори на прашања во периодот што следи откако е сето тоа обелоденето, тоа е она што е манир на општество или на власт која не држи до некоја поголема јавна расправа“, вели Бабунски.

По мене ова се крајно неубедливи патувања, овие прошетки, овие долготрајни отсуства од државата, а се поврзуваат со некои за него непријатни настани во земјата.

„Фрлање на кал“ во време на летни одмори покажува една несериозност од страна на владата, со кое владата само сака да покаже заби, да покаже колку е јака, вели политичкиот аналитичар Арсим Синани.

„Ова однесување и овој спин, ако може да се каже, мислам дека се сака големите тешкотии и големите проблеми што ги има Македонија да се пренасочат во друга страна“, вели Синани.

Инсталирањето на власта на Груевски во многу сфери, особено во Уставниот суд, во Судскиот совет, во судството сака сега со Устав да го зацврсти како трајна состојба во државата, затоа што секоја нова власт ќе не може да направи никакви интервенции на тоа што ќе го остават зад себе.

Новиот министер за правда од редовите на ДУИ, за неполни десет дена министерување,( владата беше избрана на 19, а на седница на 27 јуни одлучи да предложи измени на Уставот) успеа да состави предлог за измени во Уставот, но на листата не се најдоа измените за кои ДУИ зборуваше во својата предизборна кампања. ДУИ во име на европската иднина безусловно ги поддржа предложените уставни измени на премиерот Никола Груевски, а барањата за промена на Уставот во делот на официјализирање на албанскиот јазик, начинот на избор на претседател на државата и усвојување на буџетот со Бадентер, останаа за некој следен пат.

Аналитичарите го спорат тајмингот за ваквите измени, потсетувајќи дека опозицијата го бојкотира парламентот.

За мене е пошокантно што владата дава таков предлог токму во момент кога се случува Неделата на гордоста што ја организиравме, целата Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, и тоа го прави.

„Имаме ние политичка криза, имаме парламент кој дејствува без опозиција, тој правно може да ги донесе одлуките, меѓутоа легитимно секогаш ќе биде оспорувано, дотолку повеќе што се работи за Устав“, вели професор Осман Кадриу.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека ако се изврши анализа, патувањата на премиерот Никола Груевски се совпаѓаат со одредени актуелни состојби во државата на кои тој не сака да биде присутен.

Многу често во ова владино партнерство се случувало ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да стојат цврсто на своите националистички позиции, за после некако магично да успеат да се договорат.

„По мене ова се крајно неубедливи патувања, овие прошетки, овие долготрајни отсуства од државата, а се поврзуваат со некои за него непријатни настани во земјата. Не му се допаѓаат некои работи и тој бега, тоа значи пикање на главата во песок. Второ, седум години стана, а ние од неговите посети немаме ништо, не нешто, ништо немаме“, изјави Хајредини.

По објавувањето на предлозите за измена на уставот, сите се фатија со дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, притоа „пострашните“ измени како оние финансиски со кои се сака земјата да се стави во рангот на државите од типот на Белизе или Девствените Острови, а на некоја идна влада да ѝ се врзат рацете со буџетскиот дефицит и јавниот долг останаа во втор план.

Народот толку е затруен со популизам и толку очите му се затворени со слатките ветувања и полуреализирани ветувања на која било партија на власт, што воопшто нема ни сила, ни желба да контролира што тие ветиле во своите изборни програми, а што реализирале во текот на своето политичко владеење.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека финансиските мерки се непотребни и цинични, бидејќи власта сака да го ограничи со Устав тоа што таа го прави постојано.

„Сметам дека уставните измени може да ги поделиме во два дела. Едниот се сосема непотребни и прилично ступидни, би ги нарекол и вториот дел мислам дека личат на уставни промени кои би ја одбележале ерата на секоја нова власт после владеењето на Груевски. Инсталирањето на власта на Груевски во многу сфери, особено во Уставниот суд, во Судскиот совет, во судството сака сега со Устав да го зацврсти како трајна состојба во државата, затоа што секоја нова власт ќе не може да направи никакви интервенции на тоа што ќе го остават зад себе“, вели Поповски.

Тие структури ги советуваат водачите да излегуваат и да ги објаснуваат само корисните и афирмативни работи, а кога се во прашање промашувањата, обично тие се кријат, се невидливи или некој друг од трет или четврти ранг ќе даде изјава.

Активистите за човекови права гледаат политичко профитирање во кризна ситуација во владиниот предлог за уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена.

Според Славчо Димитров од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, генерално се спорни владините предлози бидејќи се поднесуваат во време кога опозицијата е надвор од парламентот.

Власта секогаш изнаоѓа разни механизми за манипулирање на јавноста и на тој начин успева да ги придобие граѓаните или да создава механизми за притисок и сакајќи или не, граѓаните ќе гласаат за нив.

„За мене е пошокантно што владата дава таков предлог токму во момент кога се случува Неделата на гордоста што ја организиравме, целата Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и тоа го прави, а една година е поминато откако релевантните институции, конкретно МВР и Јавното обвинителство немаат разрешено, ниту фатено кој и да било од напаѓачите врз Центарот од минатата година“, вели Димитров.

Секојдевно ги лустрираат и Климент Охридски и Свети Кирил и Методиј и Александар, Свети Павле и тн. Тоа е една штетна и неодржлива политика за Македонија, но мислат дека на тој начин го привлекуваат вниманието и манипулираат, успеваат да манипулираат со свеста на луѓето.

И не е првпат власта да го погоди тајмингот за важни работи. Пред неполна година исто така им текна да го менуваат Уставот и тоа еден ден пред пратениците да отидат на летен одмор. Согласно традиционалните вредности, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа иницијатива за уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни парови во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители. Со тоа разлика што тогаш предлагач беше само ВМРО-ДПМНЕ, а уставните измени не поминаа затоа што ДУИ гласаше воздржано.

ЛГБТ заедницата е една од омилените групи со кои власта сака да се конфронтира кога сака да го оттргне вниманието од битни теми. Често без конкретен повод на луѓето од власта може да им текне дека не им даваат права на луѓето од ЛГБТ заедницата, а тие ни криви, ни должни сето „внимание“ на јавноста да го почувствуваат на свој грб.

Активистите за правата на маргинализираните заедници често апелираат владејачката партија да ја запре перманентната пропагандна кампања против нив, оти со тоа се поттикнува дискриминација и насилство врз основа на сексуална ориентација.

Груевски и Ахмети многупати досега преку медиуми се препукувале за важни теми, напати се доведувала и коалицијата во прашање, така беше и во предизборната кампања кога острата реторика оставаше впечаток дека коалициските партнери се во лоши односи, но тоа само упати на реалноста дека целта е подигање на рејтингот со опција да постигнат договор во одреден момент.

„Многу често во ова владино партнерство се случувало ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да стојат цврсто на своите националистички позиции, за после некако магично да успеат да се договорат“, вели професор Здравко Савески.

Власта се обиде да го оттргне вниманието од реалните проблеми и со социјалните мерки и бенефиции за одредени групи на луѓе. Се офајдија пензионерите, студентите, ранливите категории. Владата дели бесплатен превоз, отпишува долгови, се грижи за одморот и рекреацијата на пензионерите.

Политикологот Соња Стојадиновиќ вели во изминатите десеттина години популизмот се покажа и како ефикасна и влијателна мерка за одвлекување на вниманието на јавноста од реалните проблеми.

„Народот толку е затруен со популизам и толку очите му се затворени со слатките ветувања и полуреализирани ветувања на која било партија на власт, што воопшто нема ни сила, ни желба да контролира што тие ветиле во своите изборни програми, а што реализирале во текот на своето политичко владеење.“

Стојадиновиќ нагласува дека критичната маса која го препознава и во исто време го крева гласот против опасниот популизам драстично се намалува.

„Тој процент кој е останат, за жал, сметам дека е многу мал нешто да смени, бидејќи оние кои го голтаат популизмот на владата, кои свесно или несвесно ги прифаќаат розовите очила имаат и една лажна надеж дека можеби нешто ќе се смени, барам и половина да реализираат од тоа што ветуваат е добро за државата“, вели таа.

Не е дека луѓето не се свесни дека сè почесто се изманипулирани и излажани, но тешкото секојдневие и предизвикот да се преживее ги тера навидум да веруваат во сè што ќе им биде ветено, велат аналитичарите.

Премиерот не бил во земјата и за други важни работи. Тој беше во Соединетите Држави во момент кога во Собранието се водеше жестока расправа за законот за бранители кој тогаш по кој знае кој пат се закануваше дека ќе ги разниша односите во владината коалиција. Тогаш актуелни беа и препукувањата за преименувањето на неколку училишта во општина Чаир, настаните од Слупчане.

По враќањето запрашан за мислење за преименување на училиштата, премиерот не одговори тоа му го остави на тогашниот министер Спиро Ристовски.


Домашните аналитичари велат дека стана препознатлив знак за Груевски да се појавува и зборува пред камерите само кога тој сака, обично кога има да соопшти добри вести, па може да се добие впечаток дека се крие и ги одбегнува одговорите на многу горливи прашања. Или пак вели дека не е запознаен, не ја слушнал таа изјава или не го погледнал тој извештај.

Професор Мерсел Биљали вели дека неговото тактизирање кога и каде ќе се појави е резултат на стратегијата која ја гради тимот околу него. Тој „купува“ време за да може власта да се договори и да реши одредени прашања надвор од очите на јавноста, вели Биљали.

„Тие структури ги советуваат водачите да излегуваат и да ги објаснуваат само корисните и афирмативни работи, а кога се во прашање промашувањата, обично тие се кријат, се невидливи или некој друг од трет или четврти ранг ќе даде изјава“, вели Биљали.

Во неколку случаи досега Груевски побегнал од одговорност да се соочи со тешки политички одлуки. Кога беше изгласан законот за амнестија на хашките случаи, тој рече дека одлуката ја донело собранието и тој мора да ја почитува. Кога Македонија ја призна независноста на Косово, Груевски немаше официјална изјава, одлуката ја бранеше тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, иако пред да се случи официјалното признавање премиерот изјавуваше дека за Македонија е прифатливо решението што ќе биде донесено во ОН и дека за нас е битно со него да се заштитат интересите, суверенитетот и интегритетот на Македонија.

Во Македонија е правило, особено во последните години, кога власта не може да се справи со реалните проблеми на граѓаните кои и го даваат легитимитетот, да измисли нови проблеми, за да се сврти вниманието на друга страна, но кога-тогаш власта ќе мора да се соочи со граѓаните, објаснуваат аналитичарите.

Социологот Хасан Јашари вели дека политичката криза понекогаш се создава за да се потиснат егзистенцијалните проблеми на луѓето како сиромаштијата, невработеноста и поскапувањата. Според него, за таквата состојба најодговорна е власта, бидејќи таа е централната сила во општеството која треба да ги решава проблемите и да ги предвидува последиците од нејзините постапки.

„Секогаш за сите кризи во општеството, за тоа што оди напред или затоа што не оди како што треба е одговорна власта, поради фактот што има пари, има моќ, има мнозинство во парламентот, има инструменти за креирање на политиките“, вели тој.

Според Јашари власта има начини како да ги придобие граѓаните.

„Власта секогаш изнаоѓа разни механизми за манипулирање на јавноста и на тој начин успева да ги придобие граѓаните или да создава механизми за притисок и сакајќи или не, граѓаните ќе гласаат за нив“, вели Јашари.

И лустрацијата е една од алатките со кои власта го оттргнувала вниманието од битните проблеми во државата. Комисијата за лустрација често објавува „кодоши“ токму кога има поскапувања или пред Брисел да објави извештај за напредокот на земјата, проблеми кои на крај ќе паднат во сенка на лустрацијата. Па така се лустрираа познати личности, мртви писатели, со денови јавноста се занимаваше со тоа дали и кој требало да биде лустриран.

Иницијаторот на донесувањето на законот за верификација на фактите и негов изготвувач, Стојан Андов вели дека лустрацијата на познати личности често се користи како шокантна вест која треба да прикрие некој голем пораз.

„Секојдевно ги лустрираат и Климент Охридски и Свети Кирил и Методиј и Александар, Свети Павле и тн. Тоа е една штетна и неодржлива политика за Македонија, но мислат дека на тој начин го привлекуваат вниманието и манипулираат, успеваат да манипулираат со свеста на луѓето“, вели Андов.

Комуниколозите посочуваат дека секоја, дури и најдемократска влада во светот, се обидува да го пренасочи граѓаните од лошите вести и да ја „сврти водата на својата воденица“. Во Македонија, пак, таа работа и е олеснета поради контролата врз најголемите медиуми, кои наоѓаат нешто „поинтересно“ секогаш кога има „малку помалку позитивни вести“.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG