Достапни линкови

Шешељ одбил привремено да се врати во Србија


Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ ќе остане во затворот на Хашкиот трибунал, бидејќи одбил да ги прифати условите за привремено ослободување. Судот соопшти дека ќе му дозволи на Шешељ привремено да се врати во Србија, доколку државата даде гаранција за него, односно тој да биде во домашен притвор, да му се одземе пасошот и да има забрана за контакт со сведоци и жртви на криминалите дела, за кои е суден.

Неговиот адвокат Тома Фила изјави дека Шешељ не одговорил ништо за условите и оти во тој случај се смета дека не се согласил со нив. Процесот против Шешељ, кој е обвинет за воени злосторства почна во 2007 година и се уште не е завршен.

XS
SM
MD
LG