Достапни линкови

logo-print

Атина: неприфатливи коментари на Скопје


Коментарите во Скопје за изјавата на грчкиот премиер Самарас за непостоење на македонски јазик се екстремни, несоодветни со историјата, неприфатливи и популистички, кои го држат Скопје надвор од Европа и НАТО. Ова го рече портпаролката на грчката Влада Софија Вултепси како реакција на изјавата на потпретседателот на македонскиот Парламент Антонио Милошоски кој за телевизија Телма изјави дека Самарас не само што не може да го реши спорот, туку како негов творец, ќе сторел се за да не дојде до решение. Тој го повика Самарас да ги посети Леринско и Костурско за да се увери во постоењето на македонскиот јазик. Според Вултепси, „јазик со словенско потекло и конструкција никогаш не може да се нарече македонски“ и додаде дека Милошоски не само што инсистирал на тоа дека постои македонски јазик, „туку стигнал до таму да го повика премиерот да ги посети Лерин, Воден и Костур, да се увери оти во Грција е сочуван и се зборува македонски јазик од страна на македонското малцинство. „Значи, според Милошоски, освен македонски јазик има и македонско малцинство. А тоа ја прави позицијата на неговата земја уште потешка, оцени Вултепси.

XS
SM
MD
LG