Достапни линкови

САД ги приземји сите воени авиони Ф-35


Американската армија ги приземји сите Ф-35 борбени авиони со цел да ги истражи причините за избивање на огнот на еден од нив во воената база во Флорида. Во соопштението објавено на 3 јули, прес секретарот на Пентагон изјави дека претставници на воздухопловните сили и морнарицата наредиле приземјување на Ф-35 флотата по првичните наоди околу инцидентот во Флорида на 23 јуни. Официјалните лица изјавија дека во тоа време дека авионот се запалил за време на полетувањето од воздухопловната база Еглин. Никој не беше повреден, а причината останува под истрага. Пентагон вели дека ќе прави дополнителните проверки на моторите Ф-35 кои се веќе нарачани и дека враќањето на летот на Ф-35 флотата ќе биде одлучено врз основа на увид.

XS
SM
MD
LG