Достапни линкови

Европскиот суд ја осуди Русија за депортација на Грузијци


Европскиот суд за човекови права ја осуди Русија за масовната депоратација на Грузијците во 2006 година. Судот во Стразбур донесе одлука дека со нивното протерување била прекршена Европската конвенција за човекови права.

Грузиските власти тврдат дека околу 4600 лица биле протерани по наредба на Русија од септември 2006 до јануари 2007 година, а повеќе од 2300 биле притворени за потоа да бидат принудени да заминат. Контроверзната кампања за за протерувањето на Грузијците започнала две години претходно за време на војната помеѓу двете земји поради Јужна Осетија и Абхазија.

XS
SM
MD
LG