Достапни линкови

Долги разговори пред Груевски и Заев


Разговори за расчистување на настаните од 24 декември.

Разговори за расчистување на настаните од 24 декември.

Разговорите за надминување на политичката криза ќе бидат тензични и би се завршиле некаде пред есенскиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, прогнозираат аналитичарите.

​Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев денеска на тет-а-тет средба во Клубот на пратениците, сами без партиска поддршка во обид за надминување на политичката криза.

Што од овие точки ќе биде прифатено сметам дека секогаш кога влегувате во еден преговарачки процес влегувате со максималистички барања, како би се нашол некаков компромис по однос на тие прашања.

На неколку часа пред почетокот на средбата, Заев не сакаше ништо да коментира за како што рече да не им наштетел на разговорите кои ги карактеризираше како суштински.

Инаку како што прецизираше тој претходно на нив опозицијата настапува со пет барања, односно, создавање услови за одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите, прочистување на Избирачкиот список, спроведување попис и формирањена техничка влада.

Токму последното барање за формирање на техничка влада се очекува да биде најсериозниот проблем околу кој нема да се согласат двете страни.

Зависи која точка ќе ја отвораат како прва. Јас сметам дека како прва клучна точка во оваа држава треба да се отвори одржувањето на попис, доколку се договорат првите четири до техничката влада.

Покрај постојаните соопштенија од владејачката партија во кои се инсистира дека не го прифаќаат таквото барање и самиот Груевски нагласи дека формирањето техничка влада не е решение и дека очекувал разумни барања.

Ако опозицијата не настапи ултимативно и се согласи за делумно исполнување на барањата тогаш разговорите може да завршат и поскоро. Но, очекувањата на аналитичарите се дека тие ќе траат подолго, нешто што го најави и Груевски.

Владимир Мисев од Институтот за демократија Социетес Цивилес прогнозира дека разговорите ќе бидат тензични и дека би се завршиле некаде пред есенскиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Што од овие точки ќе биде прифатено сметам дека секогаш кога влегувате во еден преговарачки процес влегувате со максималистички барања, како би се нашол некаков компромис по однос на тие прашања. Околу формирањето на техничка влада мислам дека тоа е првото прашање кое ќе отпадне и ќе биде клучниот услов за отворање на другите такви“, оценува Мисев.

И аналитичарот Едмонд Адеми смета дека разговорите ќе траат долго, но тој очекува опозицијата да не отстапи од своите пет барања, дури и од она за техничка влада. Тоа инсистирање според него нема и да значи прекинување на разговорите веднаш.

„Зависи која точка ќе ја отвораат како прва. Јас сметам дека како прва клучна точка во оваа држава треба да се отвори одржувањето на попис, доколку се договорат првите четири до техничката влада, логично би следело таа да биде последна, во смисло кога ќе ги договориме сите тогаш која е таа влада која ќе ги имплементира тие договорени работи“, вели Адеми.

Тој додава дека независно како ќе завршеле меѓупартиските разговори до есен Европската комисија во својот извештај ќе нотирала проблеми и со основните Копенхагенски критериуми а не само за името со Грција.

Кризата пак која трае од 27 април односно од парламентарните избори кога Заев објави дека нема да ги признаат добиените мандати поради нерегуларностите не е прва во која се обидуваат да помогнат европските институции. Проблемите по 24 декември беа решени со силна ангажираност на претставници на Унијата, а постигнатиот мартовски договор веднаш беше поздравен. Сега опозицијата, незадоволна од спроведувањето бара да бидат целосно вклучени и тие а гарант да биде претставник од Европската унија.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG