Достапни линкови

logo-print

Заев и Груевски ќе го откочуваат политичкиот дијалог


Архивска фотографија

Архивска фотографија

По најавената средба меѓу Груевски и Заев, домашните аналитичари препознаваат сигнал за заживување на политичкиот дијалог и потврда дека кога се има политичка волја од двете страни, резултатите се очекувани.

Средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и премиерот Никола Груевски нема да се се случи утре. Од СДСМ велат дека терминот за средба дополнително ќе биде утврден, повторувајќи дека брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ по нивната прес-конференција, само покажала дека владејачката партија единствено знае да реагира под притисок. Не е јасно дали на првата средба меѓу партиските лидери ќе биде и претставник на Европската унија, но повторуваат дека се што евентуално ќе се договара во иднина, ќе се смета за договорено, само ако во спроведувањето биде целосно вклучена опозицијата и при тоа гарант биде претставник на Европската унија.
Може двајцата лидери на главните партии во Македонија ќе постигнат договор, но за сето тоа ќе мора да има значителни отстапки или од едната или од другата страна.


Во ваквиот развој на настаните, домашните аналитичари препознаваат сигнал за заживување на политичкиот дијалог и потврда дека кога се има политичка волја од двете страни, резултатите се очекувани. Архивска фотографија.

Архивска фотографија.



„Може да има развој на настаните каде што меѓу себе двајцата лидери на главните партии во Македонија ќе постигнат договор, но за сето тоа ќе мора да има значителни отстапки или од едната или од другата страна“, изјави политичкиот аналитичар Здравко Савески.

Според аналитичарот Рамадан Рамадани, пак, претстојната средба значи признавање на очигледната политичка криза. Очекува разговорите да траат долго.
Не знам колку може да помогне, но е неминовен, затоа што ова не е прва епизода, ова е веќе втора-трета епизода на некои преговарања во кои тие беа длабоко вовлечени минатиот пат.


„Мислам дека повторно неразговетно ќе се одвиваат настаните и со што поголемо споменување на Брисел и на ЕУ и мислам дека првиот резултат од тоа ќе биде обезвреднувањето или оневозможувањето на таканаречените мали предавства кои и се случија на опозицијата“, вели Рамадани.

Фактот што е невозможно да се постигне договор без сериозни отстапки од едната или другата страна покажува дека веројатно нема да дојде до договор, особено не по само една средба, уверува Савески. Според нашите соговорници присуството на претставник на Европската унија може да одигра значително влијание во разговорите, иако се сомневаат дека на тоа ќе се согласи владејачката партија.

„ВМРО-ДПМНЕ веројатно не би сметала дека тоа е прифатливо решение, бидејќи би подразбирало притисок не само врз СДСМ, туку и врз нив“, вели Савески.

„Не знам колку може да помогне, но е неминовен, затоа што ова не е прва епизода, ова е веќе втора-трета епизода на некои преговарања во кои тие беа длабоко вовлечени минатиот пат“, вели Рамадани.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG