Достапни линкови

Поплави во Бугарија, 11 загинати


Најмалку 11 лица загинаа во поплавите од поројните дождови што ја зафатија Бугарија, јави БТА. Во црноморскиот град Варна животите ги загубија десет лица, а три се водат како исчезнати. Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветелин Јовчев изјави дека меѓу загинатите има и две деца. Според него, од поплавите најтешко е погодена населбата Аспарухово од каде што потекнуваат и сите жртви.
Јовчев нагласи дека засега има податоци и за еден загинат во градот Добрич, во кој има поплавени делови и од каде се евакуирани околу 150 лица. Тој порача и дека ситуацијата со поплавите постепено се стабилизира, но дека и натаму останува критична.
XS
SM
MD
LG