Достапни линкови

Порошенко најави еднострано примирје


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко најави план за едностран прекин на огнот во источна Украина, каде што владините сили се борат против проруските сепаратисти. Тоа, како изјави денеска во Киев, ќе биде кратко примирје како дел од поширок план за крај на десетнеделниот сепаратистички бунт. Претходно, Кремљ соопшти дека Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор дискутирале за можно примирје во источна Украина. Во меѓувреме, рускиот Истражен орган покрена кривична истрага против украинскиот миниситер за внатрешни работи Арсен Аваков и против гувернерот на Дњепропетровск, милионерот Ихор Коломојски, за организирање воена операција со цел намерно убивање цивили на истокот на Украина.
XS
SM
MD
LG