Достапни линкови

500 илјади бегалци од Мосул, кој е под контрола на милитанти


Меѓународната организација за миграција проценува дека околу 500 илјади луѓе го напуштиле ирачкиот град Мосул откако вчера контролата врз градот ја превзедоа милитанти поврзани со Ал Каеда. Бунтовниците од Исламистичката држава во Ирак и Левант држат под контрола и делови од Рамади и Фалуџа во провинцијата Анбар. Ројтерс јави дека бунтовниците напредувале и кон градот баџи. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики побара од парламентот да прогласи вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG