Достапни линкови

Бугарија ги прекина работите на „Јужен поток“


Бугарија ја прекина работата на проектот „Јужен поток“, соопшти вчера бугарскиот премиер Пламен Орешарски, по средбата со група американски сенатори. Примивме барање од Европската комисија, по што наредив суспендирање на работите. Натамошните активности ќе бидат познати по дополнителни консултации со Брисел, изјави Орешарски.
ЕУ во средата побара од Бугарија да ги прекине работите на Јужен поток. Претставничката на ЕК за енергетика Сабина Бергер наведе неколку правни причини за таквиот чекор, меѓу кои е барањето на ЕК за усогласување на билатералните владини договори за изградба на Јужен поток со нормите од Третиот енергетски пакет. Освен тоа, Брисел се сомнева дека Бугарија ги прекршила европските права при распишување на тендери за градба на инфраструктурните проекти и давање привилегии на руски и бугарски компании.
Руското министерство за енергетика сопшти дека Русија се уште нема добиено никакво службено соопштение од Бугарија за прекин на работите на Јужен поток.
XS
SM
MD
LG