Достапни линкови

logo-print

Добра искористеност на европските пари за прекугранична соработка


Десетта седница на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на региони на ЕУ.

Десетта седница на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на региони на ЕУ.

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани вели дека досега максимално се искористени средствата од ЕУ за прекугранична соработка.

Влијанието на локалните власти во проширувањето на ЕУ и прекуграничната соработка, се темите на кои се осврнале учесниците на десеттата седница на Заедничкиот консултативен комитет на Македонија и Комитетот на региони на ЕУ, кој се одржа во Скопје, при што беше потенцирана и поддршката за земјата за влез во европското семејство.
Ние како ЗЕЛС добивме позитивни оценки од другите држави дека ЗЕЛС практично работи многу на она што значи вклучување на локалната самоуправа во донесувањето на закони во Република Македонија.


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, вели дека локалната самоуправа е значајна за функционирањето на секоја држава, бидејќи две третини од законите се спроведуваат преку неа.

„Ние како ЗЕЛС добивме позитивни оценки од другите држави дека ЗЕЛС практично работи многу на она што значи вклучување на локалната самоуправа во донесувањето на закони во Република Македонија. Исто така во зајакнувањето на капацитетите, пред сè се мисли на финансиските капацитети, исто така зајакнување на административните капацитети, на обуките коишто ЗЕЛС ги врши за општините“, вели тој.
Имаме на располагање 27 милиони евра од коишто досега сме искористиле 70 отсто и има тренд да ги искористиме сите средства за прекугранична соработка, програмите за прекугранична соработка.


Според Трајановски, прекуграничната соработка е добра можност за подигнување на нивото на услугите на општините.

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани вели дека досега се искористени максимално средствата од ЕУ за прекугранична соработка.

„Имаме на располагање 27 милиони евра од коишто досега сме искористиле 70 отсто и има тренд да ги искористиме сите средства за прекугранична соработка, програмите за прекугранична соработка“, вели Хани.

Копреседавачот со Комитетот на региони на ЕУ, Жак Бланк вели дека ги поддржуваат напорите на Македонија за отпочнување на преговорите за пристап кон ЕУ и напорите за учествување во заеднички проекти.

„Истовремено ги мериме тие напори, напорите што ги прави владата, како и избраниците во поглед на зајакнувањето на локалната самоуправа. Јас би сакал да кажам дека овие напори се вршат на повеќе нивоа и тоа од страна и на членовите на Комитетот на региони и од страна на локалните избраници“, вели Бланк.

Според Хани, зајакнувањето на капацитети на локалната самоуправа е процес кој секогаш е во тек и тие се залагаат да биде добро структуирана и конкурентна во апликациите за проекти во соработка со ЕУ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG