Достапни линкови

Североисточниот регион се опреми со видео конференциска врска


Центарот за развој на Североисточен плански регион од Куманово и таков центар од Ќустендилската област во Бугарија воспоставија видео линк за одржување конференции.

Центарот за развој на Североисточен плански регион од Куманово и таков центар од Ќустендилската област, Република Бугарија го завршија едногодишниот проект за прекугранична соработка со воспоставување видео линк за одржување конференции. Проектот е преку ИПА програмата и тоа значи дека двете страни ќе одржуваат состанок на многу современ начин.
Секако дека се штеди времето како еден од најскапите ресусри, бизнисмените без да губат време да патуваат само можат да закажат термин и по завршувањето на конференцијата можат да продолжат со своите активности без да губат време да одат на пат на било која раздалечина.

Сите општини, фирми, бизнисмени кои ќе имаат потреба за видео-конференција, Североисточен плански регион ќе им ја отстапи опремата добиена преку ИПА програмата на фондовите од Европската унија. На тој начин се олеснува комуникацијата помеѓу оние кои сакаат да соработуваат или оние кои веќе воспоставиле некаква комуникација и започнале соработка:
Ирена Цопа, проект менаџер за Североисточен плански регион и Ќустендилската област од Бугарија.

Ирена Цопа, проект менаџер за Североисточен плански регион и Ќустендилската област од Бугарија.


„Секако дека се штеди времето како еден од најскапите ресусри, бизнисмените без да губат време да патуваат само можат да закажат термин и по завршувањето на конференцијата можат да продолжат со своите активности без да губат време да одат на пат на било која раздалечина“, вели Ирена Цопа, проект менаџер за Североисточен плански регион и Ќустендилската област од Р. Бугарија.
Ние правиме услови за поврзување на двата региона, мапирање и поврзување на бизнисмените, а тоа е предуслов за создавање можности бизнисмените да воспостават контакти за соработка.

Раководителот на Центарот за развој на североисточен плански регион Младен Протиќ вели дека е кон крај проектот за меѓугранична соработка на нашиот Центар за развој, мапирани се сите чинители на стопанството, на малото стопанство и малите претпријатија во двата региона за доближување на стопанствениците. Според Протиќ, видео конференциска опрема набавил и Ќустендислкиот регион.

„Ние правиме услови за поврзување на двата региона, мапирање и поврзување на бизнисмените, а тоа е предуслов за создавање можности бизнисмените да воспостават контакти за соработка.“

По педесетина бизнисмени од Североисточниот регион и од Ќустендилската област веќе оствариле две средби, дел од нив веќе имаат контакти, разменуваат мејлови и искуства.

„Се испостави дека двата региона многу малку се познаваат. Нашите бзинисмени одат во Софија или Пловдив, а бизнисмените од нивниот регион одат кон Скопје. Многу малку нашите знаат за нив, а и тие за капацитетите со кои располага нашиот регион“, вели Протиќ.

Центарот за развој на Североисточен плански регион функционира веќе три ипол години. Протиќ вели дека сите центри се покажале значително активни, многу проекти, освен одредената цел, преку бирото за регионален развој кои имаат фиксни средства, дополнителни се од општините кои се договараат за изработка на регионални проекти.

„Првата година беа околу 200 илјади евра со ребаланси, минатата година имавме 150 илјади евра, оваа година се надевам со ребаланс ќе биде околу сто илјади евра. Тоа е пропишано со закон, а сите други проекти се активности на центарот, ние веќе имавме два проекти со Република Словенија, еве еден заврши со Бугарија и се надеваме дека ќе има уште проекти“, вели Протиќ.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG