Достапни линкови

ЕУ бара Бугарија да го суспендира Јужен тек


Европската комисија побара работата на гасоводот Јужен Тек да биде суспендирана се додека бугарската влада не даде јасни одговори на загриженоста на ЕУ поради монополската положба на руската компанија Газпром.

Судирот со Москва поради ситуацијата во Украина, ја наведе ЕУ да ја разгледа својата енергетска политика, за да стане помалку зависна од Русија и Гаспром.

Почетокот на работите во Бугарија беше најавен за овој месец, но веројатно ќе биде одложен. Министерот за енергетика на Бугарија смета дека земјите низ кои треба да минува Јужен тек не треба да се заложник на кризата меѓу Украина и Русија.
XS
SM
MD
LG