Достапни линкови

Кина ги обвини САД и Јапонија за провокации


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Кина го обвини американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел и јапонскиот премиер Шинзо Абе за „провокативни говори“ на азиската безбедносна конференција во Сингапур. Заменик началникот на Генералштабот на кинеската армија, Ванг Гуанжонг, денеска на форумот во Сингапур рече дека претходните забелешки на Хејгел и на Абе на конференцијата биле „неприфатливи“. Очигледно отстапувајќи од претходно подготвениот говор, Ванг ги обвини Хејгел и Абе дека се координираат и меѓусебно се охрабруваат да ја нападнат Кина.

Хејгел претходно ја обвини Кина за дестабилизација на регионот со постапките во Јужното Кинеско Море. Абе, пак, изјави дека Јапонија ќе игра поголема улога во решавањето на територијалните спорови во регионот.

Тензиите неодамна се зголемија меѓу Кина, Виетнам и Филипините поради спорни области во Јужното Кинеско Море, додека јапонско-кинеските односи се затегнати поради спорни острови во Источното Кинеско Море.
XS
SM
MD
LG