Достапни линкови

Младите да умеат да ги толкуваат информациите


До младите стигнуваат многу информации, но проблем е тоа што тие информации често доаѓаат од различни извори кои не се координирани. Исто така не ретко тие информации можат младите да ги наведат во погрешен правец, велат во Националниот младински совет на Македонија.

Националниот младински совет на Македонија, која е „чадор организација“ на младински здруженија, опфаќа 56 невладини и партиски младински организации. Во тек се отворања канцеларии по региони. Во североисточниот регион со седиште во Куманово координацијата е преку младинската невладина организација Центар за мултикултурен дијалог.
До младите стигнуваат многу информации, но еден вид проблем е тоа што тие информации често доаѓаат од различни извори кои не се координирани. Исто така не ретко тие информации можат младите да ги наведат во погрешен правец, зашто и дел од медиумите имаат пракса да ги извртуваат информациите во нивна полза. Затоа, освен што треба да се информираат младите, треба и да се обучат како да ги толкуваат информациите, за да изведат полза.
Александра Вучковска, Национален младински совет на Македонија.

Координаторот Матеј Маневски вели дека младите имаат различни потреби, а приоритет е тие да се вклучуваат во различни процеси во општеството.

„За тоа е неопходна поголема младинска информираност за она што се случува, а евидентно е и тоа што младите не се консултирани за ништо“, вели Маневски.

Александра Вучковска додава дека Националниот младински совет им помага на младите во нивното вмрежување и охрабрување да го достигнат нивото во општеството каде ќе бидат прашани за тоа што им треба.

„Што немате? Што треба да се изгради? Како да ги застапуваме вашите интереси, како да ги засилиме младите во нивните настапи пред државата и пред институциите на системот“, вели таа.

Вучковска посочува дека тоа е процес што никогаш не би требало да запре, со оглед на тоа што во иднина ќе доаѓаат нови генерации.

„Веќе се забележува некаква раздвиженост. Младите веќе бараат да бидат вклучени во донесување на одлуките. Во однос на климата мислам дека постои поголема заинтересираност тоа да го бараат од државата“, вели Вучковска.

Националниот младински совет работи на укажување на младите како треба да се снаоѓаат во општеството, како по завршувањето на образованието да се вклучат во институциите на системот, како подобро да се информираат.

И додека за младите постои верување дека се недоволно информирани, особено за тоа како функционираат институциите, од друга страна интернетот и социјалните мрежи се голема можност да им се олесни на младите добивање што повеќе информации.

„До младите стигнуваат многу информации, но еден вид проблем е тоа што тие информации често доаѓаат од различни извори кои не се координирани. Исто така не ретко тие информации можат младите да ги наведат во погрешен правец, зашто и дел од медиумите имаат пракса да ги извртуваат информациите во нивна полза. Затоа, освен што треба да се информираат младите, треба и да се обучат како да ги толкуваат информациите, за да изведат полза“, вели таа.

Младите голем дел од времето го поминуваат на социјалните мрежи.

„Социјалните мрежи се корисни од една страна и можат да допринесат многу кон индивидуалниот и социјалниот развој на секој млад човек, но треба да бидеме претпазливи од можноста за нивна злоупотреба од одредени лица кои сакаат да добијат некаков бенефит. Без оглед дали е тоа маркетинг или нешто друго“, вели Марко Панковски од Националниот младински совет.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG