Достапни линкови

Не сега, млад/а си


Дона Костуранова, Претседател на Младински образовен форум.

Дона Костуранова, Претседател на Младински образовен форум.

Почнавме младите да ги гледаме како виновници, со прсти вперени во нив од сите оние кои би требало да им овозможат услови да се поместат од позицијата во која се. Излезе дека иднината е сама виновна што ја нема, пишува во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа, Дона Костуранова, Претседател на Младински образовен форум.

Која е најбројнатамаргинализирана група во нашето општество?

Тие се една четвртина од нашите сограѓани. Нив им е тешко да постигнат, или барем да се доближат до финансиска, културна или социјална независност. Тие имаат речиси двојно поголема стапка на невработеност од останатото население.
Во нашата земја, ние младите сме во незавидна позиција. Тешко е да дојдеме до работа, ако воопшто ја најдеме, живееме и зависиме од нашите родители, имаме малку можности во локалните заедници.


А за нив велат дека се иднината. Тие се младите.

Во нашата земја, ние младите сме во незавидна позиција. Тешко е да дојдеме до работа, ако воопшто ја најдеме, живееме и зависиме од нашите родители, имаме малку можности во локалните заедници.

Можеби се зборува за младите, но недоволно се зборува за нивните најтешки проблеми. Истражувањето Млади и медиуми ни покажува дека младите најчесто се спомнувани во медиуми во областите забава и спорт, најмалку политика и економија. А дури и кога се зборува за проблемите на младите, често се слуша дека самите се виновни за состојбите во кои се наоѓаат.

Што имаме чуено?

Имаме чуено дека младите можат да најдат работа бидејќи има работни места, но дека не се трудат доволно.

Имаме чуено дека студентите не се заинтересирани за да ги знаат своите права, и бесцелно е повеќе да се трудиме да ги учиме како да ги користат.
Имаме слушнато дека за проблемите кои ги имаат средношколците, како насилството, се самите виновни. Замислете, средношколците, лица кои досега немале право да ја креираат својата иднина или можности - самите да бидат виновни.

Имаме чуено дека студентите кои живеат во супстандардни услови во домовите се самите виновни, дека треба да се снајдат ако не им се допаѓаат условите, без оној кој го кажува тоа да се стави во кожа на студент кој нема живеалиште во тој град, кој има ограничен буџет, или му е страв да го изгуби леглото.
Ако не ви се крева косата од овие изјави, ќе споделам дека не само што ги слушаме околу нас, но овие изјави се дадени и од претставници на институции, професори, активисти.

Почнавме младите да ги гледаме како виновници, со прсти вперени во нив од сите оние кои би требало да им овозможат услови да се поместат од позицијата во која се. Излезе дека иднината е сама виновна што ја нема.
Почнавме младите да ги гледаме како виновници, со прсти вперени во нив од сите оние кои би требало да им овозможат услови да се поместат од позицијата во која се. Излезе дека иднината е сама виновна што ја нема.


Доктор Ресурс и мистер Проблем

Во теорија, има два начини на гледање на младите: како проблем, или како ресурс.

Младите како проблем значи дека тие се категорија која е предизвик, тие се проблем кој треба во континуитет да се решава од некој – да се заштитат младите од пороците, да се намали деликвенцијата, да се намали насилството.
Постои и современо гледиште на младите –како ресурс на општеството. Тоа значи дека знаат сами да ги лоцираат своите приоритети, дека знаат да ги решаваат своите проблеми, дека можат да и помогнат и на целата заедница, ако им се даде можност.

Не верувам дека има потреба да посочувам кое од овие две гледишта се уште преовладува кај нас.

Според истражувањето Социјалниот капитал на македонскиот средношколец, младите знаат да си посочат своите проблеми. Но исто така имаат многу ниска доверба во оние околу нив кои би можеле да ги решат нивните проблеми. Имаат и ниска доверба во себе си дека можат да влијаат и да направат промена.
Успеавме младите да ги доведеме во состојба на самодекларирана општествена исклученост.
Секој кој ќе одлучи да не покажува со прст кон младите, туку да се погрижи да имаат услови да постигнат повеќе. Да ги третира младите како најскапоцениот ресурс на едно општество.

Доколку некому му недостасуваат аргументи зошто или идеја што да направи за младите, еве три:

1. Младите носат иновација

Младите генерално ги знаат и креираат трендовите, почесто мислат надвор од рамките, имаат поинакви искуства, и можат да бидат креативниот придонес во секој тим. Охрабрувањето, поттикнувањето на самоиразувањето и давањето на слобода младите сами да креираат – без разлика дали за нивните проблеми или за нивната околина ќе донесе иновативни, нови и алтернативни решенија, ако се овозможи.

2. Младите можат да бидат експерти

Можеби некој има премалку години или се уште е во процес на образование, но тоа не значи дека не може да има повеќегодишно искуство. Само од памет може да се набројат дузина млади во Македонија кои се меѓу позапознаените за прашања од типот на квалитет на образование, човекови права, поддршка на маргинализирани групи, транспарентност, неформално образование, интернет активизам и ред други теми.

Искуството доаѓа од работа како младински работници, истражувачи, волонтери, практиканти, активисти. Најважно е овие млади експерти имаат вистински интерес во областа, затоа што пред се лично се мотивирани да работат на таа тема.

3. Учеството на младите им помага на институциите

Младите треба да добијат глас, и можност за учество. Институциите можат да ги консултираат кога одлучуваат за прашања од нивен интерес. Да бараат учество на младите на средбите кога се одлучува за политики за вработување или образование. Организациите можат да ги консултираат младите кога работат за нив, од нив да ги црпат акциите, или и да им дадат можност самите да ги решаваат прашањата. Образовните институции треба да им дадат можност за самоорганизирање и уште поважно, право на глас во телата на одлучување.

Промената на ова гледиште зависи од секој. Секој кој ќе одлучи да не покажува со прст кон младите, туку да се погрижи да имаат услови да постигнат повеќе. Да се застапува за право младите на учество. Да даде поддршка на младинската иницијатива. Да даде шанса на некој млад човек да волонтира и да учи. Да ги третира младите како најскапоцениот ресурс на едно општество.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG