Достапни линкови

logo-print

Расмусен: решение за името па влез во НАТО


 Андерс Фог Расмусен

Андерс Фог Расмусен

Одлуката за вашата држава е донесена уште во 2008 на самитот во Букурешт и штом се реши проблемот со името нашата врата е отворена, изјави денеска во Скопје генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на заедничката прес конференција со премиерот Никола Груевски. Тој додаде дека НАТО го цени учеството на Македонија во мировните мисии, но оти членството во НАТО бара реформи, тешки одлуки и храбро. Груевски изјави дека го информирал Расмусен оти членството е приоритет на Македонија. Тој додаде дека неговата влада ќе направи максимални напори Македонија да стане дел од НАТО и изрази надеж дека Грција исто така ќе направи максимален напор.
XS
SM
MD
LG