Достапни линкови

Генералниот секретар на НАТО утре во Македонија


Во рамките на посетата на регионот, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, како што соопшти денеска МНР, генералниот секретар на НАТО ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Генералниот секретар Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.
XS
SM
MD
LG