Достапни линкови

logo-print

Протести на албанската опозиција за соборување на Рама


Албанската опозиција денеска во десет часот ќе зaпочне со антивладини протести, кои како што најави, ќе траат се до соборување на премиерот Еди Рама. Покрај незадоволството од еконоската состојба и правата на граѓаните, сега опозицијата како главен адут го истакнува случајот „Дивјак“, поточно неуспешниот обид на италијански пилот со авион „Пајпер“ да прошверцува 460 килограми албанска марихуана, што, според опозиционерите, е доказ за нејзините тврдења дека власта е вмешана во шверц на дрога. Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, обвинувајќи го Рама за директна вмешаност во скандалот со шверц на дрога, му порача што побрзо да си замине од власта. Рама категорично ги отфрли ваквите обвинувања, наведувајќи дека полицијата во изминатите девет месеци, од кога се социјалистите на власт, има огромен успех во борбата против трговијата со дрога.
XS
SM
MD
LG