Достапни линкови

Ерменскиот претседател во посета на Нагорно-Карабах


Ерменскиот претседател Серж Саркисјан ја посети сепаратистичката област Нагорно-Карабах во Азербејџан по повод Денот на победата против фашизмот - 9 Мај. Службата за односи со јавност на ерменскиот претседател соопшти дека Саркисјан ќе присуствува на настаните поврзани со 69-годишнината од победата против фашизмот, како и со 22-годишнината откако ерменските сили ја презедоа контролата врз градот Шуша во Нагорно-Карабах. Спорната област во Азербејџан врз која ерменските сепаратисти ја презедоа контролата за време на војната во 90-тите предизвикува непријателства меѓу двете земји. Ниту една држава не ја признава независноста на Нагорно-Карабах.
XS
SM
MD
LG