Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ молчат и преговараат за коалиција


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не сакаат да коментират, а во меѓувреме си пуштаат пораки, како оние на Aли Ахмети за Албанец - Претседател, премиер или собраниски спикер.

Ни од ВМРО-ДПМНЕ, ни од ДУИ не сакаат да го коментираат процесот на преговарање за состав на новата Влада. Според нив, кога ќе биде постигнат договор, јавноста ќе биде запознаена.
Тука ќе има една нормална коалиција со реални и конкретни програми, ако веќе одат на таа програмска ориентација.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за албанската телевизија А1 Репорт, изјави дека им претстојат тешки и исцрпувачки преговори за соочување на платформите на двете партии. Според Ахмети, сите страни би требало да се согласат една од највисоките функции во државата, премиер, Претседател на државата или претседател на Собранието да биде Албанец. ДУИ, како што изјави Ахмети, нема да отстапи и од идејата во иднина да се смени начинот на кој се избира шефот на државата.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека уште за време на кампањата било јасно дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за освојување на 62, односно 25 пратеници биле мамење на електоратот и тоа не значело дека партиите нема да коалицираат.

„Никако не значи дека Груевски може да состави влада без албански партиципиенти, затоа што партиципирањето на Албанците е стратешка, односно егзистенцијална потреба на Република Македонија и без тоа никако не се може. Значи, преговори мора да има и ќе ги има“, вели тој.

Демири додава дека друго прашање е како ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Никола Груевски ќе ги водат преговорите.

„Мислам дека Груевски игра на една карта малку да ги понижи, малку да ги спушти барањата на Албанците. Одеднаш сега се јавуваат разни асоцијации кои се на страна на Груевски, кои треба да му помогнат да не се преговара за федерализам или не знам што, што во суштина значи дека барањата на Албанците треба да се третираат на тој начин. Тоа е сепак невозможно, тука ќе има една нормална коалиција со реални и конкретни програми, ако веќе одат на таа програмска ориентација“, вели Демири.

Според него, коалицијата мора да функционира преку заедничка програма. Ахмети изјавил и дека нивните главни барања ќе бидат и брзото интегрирање во евроатлантските структури и унапредување на статусот на Албанците.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG