Достапни линкови

logo-print

Сè што е државно е и партиско за време на избори


Злоупотреба на јавни средства, на институции и администрацијата, незаконско плаќање за кампањите, плаќање во кеш. Ова се дел од забелешките за изборите за кои јавуваат невладините Цивил и Трансапаренси Интернешнл – Македонија.

Злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на институции и администрацијата од страна на владејачките партии, незаконско плаќање за кампањите, плаќање во кеш. Ова се дел од забележаните неправилности за време на изборите за кои јавуваат невладините Цивил и Трансапаренси Интернешнл – Македонија.
Овие случаи покажуваат дека Република Македонија се уште нема поставено цврсти механизми за следење и заштита од ваков тип злоупотреби, што е загрозувачки за демократскиот развој на државата.


Транспаренси Интернешнл поради сомнежи за незаконско плаќање на трошоци за изборните кампањи, плаќање во кеш и користење средства на локалните самоуправи и јавните претпријатија за партиски цели ќе поднесе неколку кривични пријави против организаторите на кампањите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Пријавите се однесуваат на овогодинешните избори, но и за ланските локални избори, изјави Слаѓана Тасева, претседател на македонскиот огранок на Транспаренси Интернешнл.

Документите кои ги обелоденија од ТИ, покажуваат дека од огранокот на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп платила во кеш, наместо како што предвидува Изборниот законик сите трошоци за кампањата да се исплаќаат од сметката на партијата која е специјално отворена за изборите.

Невладината до информациите дошла преку слободен пристап до информации. Од Транспаренси интернешнл обелоденија и документи според кои Артан Груби од ДУИ побарал од Општина Студеничани да плати фактури. Но од Општината велат дека за нив нема склучено договор за јавна набавка.
Во прилог ти праќам 2 фактури и те молам ако може општината да ги покрива. Секоја општина ни помагала со ист износ, обезбедувајќи големи знамиња, компјутер, големи телевизори за прес конференција, говорници, микрофони, мискета и др.

„Во прилог ти праќам 2 фактури и те молам ако може општината да ги покрива. Секоја општина ни помагала со ист износ, обезбедувајќи големи знамиња, компјутер, големи телевизори за прес конференција, говорници, микрофони, мискета и др“, пишал Груби до општината, според маилот кој им бил препратен на Транспарентност Интернешнл.

Груби пак вели дека парите биле потрошени за манифестацијата „Ден на кечето“.

„Овие случаи покажуваат дека Република Македонија се уште нема поставено цврсти механизми за следење и заштита од ваков тип злоупотреби, што е загрозувачки за демократскиот развој на државата, бидејќи не може да се говори дека изборната кампања била фер и условите биле подеднакви за сите учесници“, изјави Слаѓана Тасева.
Изборниот процес во Република Македонија се карактеризира со голем број случаи на нерегуларности и максимална злоупотреба на јавните ресурси, изборниот процес е придружен со сериозни слабости на избирачкиот список и структурно насилство на повеќе нивоа.


Невладината Цивил во својот целосен извештај за изборната кампања нотира максимална злоупотреба на јавните средства, злоупотреба на институциите и администрацијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, повторен феномен на гласачи од Пустец, поткуп, гласање на еден човек со повеќе лични карти и уште низа неправилности.

„Изборниот процес во Република Македонија се карактеризира со голем број случаи на нерегуларности и максимална злоупотреба на јавните ресурси, изборниот процес е придружен со сериозни слабости на избирачкиот список и структурно насилство на повеќе нивоа, кои го нарушија демократскиот процес и работата на институциите во целост.“

Имало и организиран превоз на гласачи и тоа од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Според нподатоците на „Цивил“, на затворениците во штипскиот затвор им се сугерирало да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а како награда им биле ветени сапун, обланда и два брича.

Од Цивил своите забелешки ги доставиле до Државната изборна комисија, но од таму добиле одговор дека тие не можат да постапат оти добиените забелешки ги третирале како информација. За ДИК да делува претставките требало да бидат доставени од некоја партија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG