Достапни линкови

В недела може да се гласа само еднаш


Граѓаните в недела ќе може само еднаш да го посетат избирачкото место и да го остварат правото на глас за вториот круг од претседателските избори и за предвремените парламентарни избори.

Според укажувањето на Државната изборна комисија (ДИК), членовите на избирачките одбори се должни да му укажат на избирачот дека може да гласа за двата или само за едниот вид избори и оти подоцна нема да може дополнително да се врати на гласачкото место и да гласа, доколку претходно се определил да гласа само за еден вид избори.

Овој пат избирачите ќе бидат обележувани со маркер на левиот палец поради забелешките дека може да се забележува обележувањето на десниот палец од изборите на 13 април.

Гласањето в недела почнува во 7 часот и ќе трае непрекинато до 19 часот. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
XS
SM
MD
LG