Достапни линкови

Ерменија незадоволна од турското негирање геноцид


Ерменскиот претседател Серж Саркисјан.

Ерменскиот претседател Серж Саркисјан.

Ерменскиот претседател Серж Саркисјан упати критики кон Турција поради тоа што не го признава како геноцид масовното убиство на 1,5 милиони Ерменци во Првата светска војна од страна на отоманските сили. Во денешното соопштение по повод Денот на сеќавањето, кога Ерменците во целиот свет им оддаваат почит на загинатите, Саркисјан вели дека Турција „ја продолжува својата политика на крајно негирање“. Тој исто така додава дека Ерменија сепак се сеќава на „сите турски семејства кои им подадоа рака на нивните ерменски соседи“ за време на војната.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера изрази сочувство од Турција на „внуците на Ерменците, убиени во 1915 година“, велејќи дека „инцидентите од Првата светска војна се наша заедничка болка“.

Американскиот Стејт департмент го поздрави „историското јавно признание за страдањето што го искусија Ерменците во 1915 година“.

Турција го отфрла терминот геноцид, образложувајќи дека во борбите исто така биле убиени и илјадници Турци.
XS
SM
MD
LG