Достапни линкови

Силен земјотрес во Мексико


Илустрација.

Илустрација.

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди централниот и јужниот дел на Мексико. Американската агенција за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во близина на летувалиштето Акапулко на Тихиот Океан, каде што многумина Мексиканци се на велигденски одмор. Земјотресот исто така бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде што испаничените луѓе бегале од зградите кои се нишале и им се кршеле прозорците. Засега нема информации за жртви или за посериозни материјални штети. Во 1985 година во земјотрес во Мексико Сити загинаа околу шест илјади луѓе, а многу објекти беа разурнати.
XS
SM
MD
LG