Достапни линкови

logo-print

Македонија избира претседател, набљудувачите бележат неправилности


Одѕивот до пладне е задоволителен, а набљудувачите бележат, засега ситни нерегуларности. Граѓаните очекуваат домаќин за претседател.

Граѓаните очекуваат домаќин човек за шеф на државата. Одѕивот на гласачите е задоволителен, велат од Државната изборна комисија. Набљудувачите бележат неправилности. На 3.480 гласачки места во земјава, своето гласачко право можат да го искористат 1.779.572 избирачи. Тие својот глас можат да го дадат за четворица кандидати за претседател на државата.
Да биде арно за сите, претседателот да биде домаќин човек, саглам човек што велат старите.


Откако го остварија своето право на глас, дел од граѓаните за нашето радио изјавија дека очекуваат мирни избори.

„Да биде арно за сите, претседателот да биде домаќин човек, саглам човек што велат старите.“
„Од новиот претседател очекувам да ни даде пари.“

„Пензиите да ни ги даваат редовно, само тоа е доволно.“

„Очекувам се да биде најубаво.“
Засега не се забележени нерегуларности, се тече според предвиденото, отворени се сите избирачки места во 7 часот.

Државната изборна комисија соопштија излезноста е околу 10 посто, освен кај албанските општини каде има мала илезност. Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.

Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.



„Засега не се забележени нерегуларности, се тече според предвиденото, отворени се сите избирачки места во 7 часот, “ вели Билјана Јовановска, портпаролка на ДИК.

За следење на претседателските избори се акредитирани 9.155 домашни и 489 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи, а акредитирани се и триесетина странски новинари од пет медиуми.

Првиот круг од претседателските избори МОСТ го следи со 580 набљудувачи кои покриваат исто толку гласачки места во Македонија. Со овие набљудувачи се покриени 15 проценти од гласачките места во целата држава, односно 15 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина. Покрај тоа, МОСТ има и 84 мобилни тимови, кои служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои МОСТ нема статични набљудувачи.
Генерална констатација е дека е нарушена тајност на гласање, односно гласање на болните и изнемоштените не во изолирана просторија, туку во просторија каде биле присутни и членовите на ИО и нашиот набљудувач.


Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. Тие забележале демолирање на политички штаб во Драчево, дека мастилото се брише со влажно марамње, доцнење на отварање на гласачки места затоа што одборите биел неподготвени, имало погрешни кутии, потоа е забележано читање на глас на имињата на гласачите од страна на ИО, пропаганден материјал пред едно гласачкото место, како и евидентирање на лица кои влегувале да гласаат. Прес-конференции на Граѓанската асоцијација МОСТ. Дарко Алексов.

Прес-конференции на Граѓанската асоцијација МОСТ. Дарко Алексов.



МОСТ имаат забелешки и за предвременото гласање, односно гласањето на болни и немоќни лица кое беше набљудувано од страна на 55 набљудувачи на МОСТ.

„Генерална констатација е дека е нарушена тајност на гласање, односно гласање на болните и изнемоштените не во изолирана просторија, туку во просторија каде биле присутни и членовите на ИО и нашиот набљудувач. Неколку извшрни одбори со себе не не ја носеле гласачката кутија. ИО од гласачко место 0121, општина Битола и покрај пријавените 4 гласачи со себе го земал целиот кочан со гласачки ливчиња, гласале тројца а ИО не го поништил неискористеното гласачко ливче и истото останало на кочанот“, изјави извршиот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Изборниот ден го надгледуваат и од Цивил – центар за слобода. За потребите на овој изборен процес тие отворија Прес центарот кој започна со работа во 7 часот и ќе работи до полноќ. Цивил во моментов одржува прес конференција за текот на гласањето. Од Цивил упатија апел за слободни и фер избори и за активен придонес на сите учесници во овој изборен процес.

Вчера своето право на глас го искористија луѓето во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, луѓето кои се во домашен притвор, како и немоќните и болните кои го побарале тоа од општинските изборни комисии. За првпат оваа година за претседател гласаа и македонските државјани кои живеат или престојуваат во странство.

Од канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Гласањето започна во 7 часот и ќе трае непрекинато до 19 часот. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Оваа година првпат избирачите се обележуваат со видливо мастило во вид на маркер на десниот палец, а мастилото треба да има трајност од најмалку 24 часа по нанесувањето. Ова се петти непосредни претседателски избори во земјата.

Новиот претседател ќе се избира меѓу Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат на ДПА. Четворицата претенденти за нов шеф на државата изборната кампања ја почнаа на 24 март. Ако по денешното гласање никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело. Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува целата постапка.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG