Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.


01:09 14.4.2014
ДИК: Иванов 447 илјади, Пендаровски 325 илјади гласови Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов победи на првиот круг од претседателските избори со добиени 447.109 гласови (51,63%), втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 325.119 гласови (37,54%), покажуваат првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница. Податоците се однесуваат за обработени 99,46 проценти, односно 3.493 од вкупно 3.512 избирачки места.
23:55 13.4.2014
Груевски и Иванов - Народот покажа што поддржува Народот поддржа јасен концепт, наспроти нестабилноста, лагите и навредите, рече вечерва претседателот Ѓорге Иванов кој победи во првиот круг на претседателските избори на кои се бори за втор мандат. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пак рече дека изборниот резултат недвосмислено ја покажува волјата на граѓаните.
23:29 13.4.2014
За Пендаровски борбата продолжува, Заев обвини за изборна кражба Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски вечерва на завршната прес-конференција го оцени како успех бројот од 320 илјади гласови кои ги освои во првиот круг од претседателските избори и најави уште посилен ангажман за вториот круг од изборите. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, ја обвини власта за систематска кражба на гласови.
22:54 13.4.2014
Поповски: ГРОМ покажа дека е играч на политичката сцена ГРОМ покажа дека е играч на политичката сцена и се разбира продолжуваме понатаму, изјави вечерва кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски.

Вчитај повеќе

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG