Достапни линкови

Жестоки борби во ирачката провинција Анбар


Агенциите јавуваат за жестоки борби меѓу ирачките безбедносни сили и милитантите на Ал-Каеда кои се поврзани со непријателските племиња во ирачкиот град Рамади, во провинцијата Анбар. Борбите се осбено интензивни во областите ал-Бакр, Ал-Хаваз , Ал-Малаб и Ал-Јумхури. Судири исто така има и во близина на градот Фалуџа и други градови и села во провинциите во Анбар. Борбите се интензивираа откако ирачките безбедносни сили се повлекоа од повеќе области од Рамади на 8 април. Во Фалуџа судири и бомбардирање имало и во текот на ноќта во неколку области на градот.
XS
SM
MD
LG