Достапни линкови

Во борби меѓу бунтовниците во Сирија 50 загинати


Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во жестоките борби меѓу ривалските исламистички бунтовнички групи во источна Сирија загинале најмалку 50 луѓе. До борбите дошло во градот Албу Камал во близина на границата со Ирак. Се прецизира дека се судриле припадници на Исламистичката држава на Ирак и Левант која порано беше дел од Ал Каеда и членови на Фронтот Нусра кој е поврзан со Ал Каеда. Исламистичките бунтовнички групи играат важна улога во тригодишниот конфликт во Сирија кој почна со мирни демонстрации против режимот на претседателот Башар ал Асад. Досега во конфликтот загинаа над 150 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG