Достапни линкови

Следните преговори со Иран на 13 мај


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон денеска изјави дека преговорите меѓу Иран и шестте светски сили за постигнување трајна спогодба за иранската нуклеарна програма ќе влезат во нова фаза кон средната на мај. Ова таа го рече на крајот од дводневните разговори во Виена меѓу двете страни. Ештон додаде дека е неопходна интензивна работа со цел да се надминат разликите во преговорите кои имаат за цел потпишување долгорочен договор за ограничување на контроверзната програма на Иран за збогатување ураниум. Таа прецизира дека следната рунда ќе биде одржана во Виена на 13 идниот месец.
XS
SM
MD
LG