Достапни линкови

Четворица руски полицајци убиени во Чеченија


Илустрација.

Илустрација.

Четворица припадници на руските безбедносни сили се убиени, а седум се ранети вчера во Чеченија, кога нивното оклопно возило нагазило на мина, соопшти руското Министерство за внатрешни работи. Северниот Кавказ, каде што се наоѓа Чеченија, е најнемирниот регион во Руската Федерација. Насилствата често се поврзани со организираниот криминал или со исламистичките милитанти. Милитантите во Дагестан, Кабардино-Балкарија, Чеченија и Ингушетија често ги напаѓаат полицијата, судиите и локалните власти, велејќи дека се борат за формирање исламска држава во Јужна Русија.
XS
SM
MD
LG